Поврзете се со нас

Свет

Репрезентативецот во полн сјај: Шортс со страшно издание избори „мајсторка“ за Париз во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/EuroCup

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс со брилијантно издание донесе голема победа за Париз во полуфиналето на плејофот во Франција, победа со која неговиот тим се избори за мајсторка во дуелот со Асвел.

Гостите се изборија триумф по дополнителните пет минути со 103:98 со тоа што мора да се каже дека тие победникот можеа да го решат и во регуларниот дел, но попушти концетрацијата во самата завршница во која домаќините водени од публиката се извлекоа од дупката во која беа и го однесоа мечот во продолжение со кошот на центарот Ловерњ (87:97).

Шортс беше незадржлив со 34 поени на кои придодаде и неверојатни 13 асистенции, но и 4 скока. Најголемата помош ја доби од Ворд со 17 кошеви, додека Ндиаје за поразените беше автор на 25 поени.

Париз во петтата решевачка средба ќе биде домаќин, а ако избори финале таму ќе го чека Монако.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни