Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ сакаше да се опушти по големата победа, но му го „украдоа“ пивото (ВИДЕО)

Објавено

на

Лука Дончиќ одигра клучно улога во победата на Далас Маверикс над Минесота Тимбервулс во „Таргет Центарот“ во Минеаполис, триумф кој значаше крај на оваа финална серија во западната конференција во НБА лигата.

Дончиќ „испука“ дабл дабл од 36 поени и 10 скока на кои додаде и 5 асистенции со што го трасираше патот на Маверикс до посакуваниот резултат. На Словенецот не му беше лесно низ целата оваа пресметка со оглед на тоа што постојано се соочуваше со повреди, меѓутоа стискаше заби, потврди уште еднаш дека е голем играч и го однесе тимот во прво НБА финале по пауза од 13 години.

Тој по овој резултат сакаше да се опушти со пиво додека беше заедно со неговиот татко Саша, но дојде Мајкл Финли (потпретседател за кошаркарски операции) и му го „собра“ истото што е јасна порака дека работата се уште не е завршена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни