Поврзете се со нас

Балкан

Награда за извонредните изданија: Ристовски дел од тимот на сезоната во Хрватска (Фото)

Објавено

на

Динамо на крајот доста убедливо стигна до нов трофеј во најсилната хрватка фудбалска лига, а потоа во финалето во Купот ја победи Ријека и стигна до двојна круна.

Иако сезоната изгледаше прилично загубена некаде во месец март, актуелните шампиони покажаа дека се класа за себе и со завршен спринт се изборија за најважните трофеи, а еден од најдобрите во тимот на Јакировиќ беше Стефан Ристовски.

Поранешниот македонски капитен поради своите импресивни изданија се најде во тимот на сезоната кој го бира фудбалскиот синдикат во Хрватска, екипа во која интересно има дури шест фудбалери на Ријека.

Ристовски одигра 26 натпревари во Првата лига оваа сезона и беше столб во одбраната на Динамо, кампања во која десниот бек доста често беше поставен и на стоперската позиција.

Тимот на сезоната во Хрватска:

Недиљко Лабровиќ (Ријека), Бруно Года (Ријека), Стјепан Радељиќ (Ријека), Нико Галешиќ (Ријека), Стефан Ристовски (Динамо Загреб), Тони Фрук (Ријека), Мартин Батурина (Динамо Загреб), Јосип Мишиќ (Динамо Загреб), Бруно Петковиќ (Динамо Загреб), Марко Пјаца (Ријека), Рамон Миерез (Осијек).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни