Поврзете се со нас

АТП

Музети пред соочувањето со Ѓоковиќ: Сакам да му помогнам на Синер…

Објавено

на

Лоренцо Музети ќе го предизвика Новак Ѓоковиќ во денешната пресметка од третото коло на Ролан Гарос, меч кој е закажан за вечерниот термин од 20:15 часот.

Италијанецот има негативен учинок во дуелите со Ѓоковиќ (4-1), меѓутоа знаел да му направи проблеми на првиот светки рекет, да го препоти, па и да го совлада и токму тоа му дава надеж дека ќе мое да се носи со фаворизираниот протовник.

Тој воедно сака да му помогне и на сонародникот Јаник Синер да се искачи на врвот на АТП листата, нешто што е возможно ако го совлада првиот носител.

-Против Ѓоковиќ исто така ќе се обидам да му помогнам на Синер да стигне до првото место на АТП листата. Не сакам да се надева на мене. Тој има свој пат кој е веќе добро испишан, но ако можам да му помогнам, барем малку… Патриотизмот не боли, -рече Лоренцо и додаде:

-Ноле е секогаш Ноле, особено на грен слемовите. Ја има таа способност, ќе игра со посебен фокус, авантура е да се игра против него во меч со три освоени сета. Големата тројка е различна на слемовите, тој е природен борец и ќе ми биде задоволство да учествувам во најамбициозниот и најубав предизвик во овој спорт. Се надевам дека повторно ќе биде 2-0 во сетови како пред неколку години на Шатрие. Овојпат ќе се обидам да ја однесам победата дома, подвлече Музети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни