Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ не дал зелено светло за настап на две свои ѕвезди на ОИ во Париз

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Францускиот шампион ПСЖ нема да дозволи учество на две свои млади ѕвезди на престојните Олимписки игри во Париз, а тоа дефинитивно е нов голем удар за селекторот Тјери Анри.

И покрај тоа што Олимпијадата се одржува во градот на ПСЖ, клубот решил да не даде зелено светло за учеството на Ворен Заир-Емери и Бредли Баркола на овој турнир.

Двајцата фудбалери прифатиле да бидат дел од олимписката репрезентација, но ПСЖ нема да им дозволи такво нешто поради неверојатно набиениот распоред следната сезона.

Заир-Емери и Баркола во моментов се подготвуваат со националниот тим за настап на ЕП, а во нивниот клуб сметаат дека е преопасно да им дозволат да учествуваат на уште едно натпреварување, во пресрет на сезоната со дополнителен број натпревари.

Екипите ќе одиграат најмалку две средби повеќе во групната фаза на Лигата на шампионите, а следното лето на програмата е и Светското клупско првенство.

Анри треба да го соопшти списокот во понеделник и тогаш ќе биде дефинитивно познато кој ќе игра за Франција на ОИ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни