Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ во историски и маратонски меч обезбеди осминафинале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/rolandgarros

Најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ избори пласман во осминафиналето и тоа откако успеа да го добие маратонскиот меч против Лоренцо Музети кој се играше во НБА термин.

Србинот и Италијанецот играа до раните утрински часови, поточно дуелот кој траеше четири ипол часа заврши неколку минути по три часот со што беше испишна историја затоа што ќе остане запаметен како најдоцна завршен досега на париската земјена подлога.

Средбата започна по 22 часот и уште во првиот сет се виде дека ќе биде доста интересно затоа што Новак славеше тесно со 7-5. Потоа на сцена стапи Музети кој почна да игра на уште повисоко ниво и со 7-6 (6) и 6-2 го сврте резултатот и во тие моменти изгледаше дека е поблиску до победата.

Меѓутоа Новак уште еднаш потврди зошто е голем шампион, играч број еден на светот и во продолжението почна да „лета“ на теренот Филип Шатрије и со 6:3 и 6:0 дојд до триумфот со кој закажа осминафинале со Франциско Серундоло.

Ова за Ѓоковиќ беше 369 триумф на грен слем сцената со што се израмни со Рожер Федерер на првото место на вечната листа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни