Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти по новиот трофеј со Реал Мадрид: Вечерва нема спиење…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти успеа да го одведе Реал Мадрид до уште една европска титула, зголемувајќи ја и својата индивидуална колекција на титули во најважното европско натпреварување.

Италијанецот сигурно имал што да им каже на своите фудбалери по послабото прво полувреме, но на крајот тој славеше на теренот на „Вембли“.

– Делува како сон, но ова е реалност, навистина сум среќен.

– Повторно одигравме тежок натпревар, тие беа подобри во првиот дел, додека ние доминиравме во продолжението, – рекол Италијанецот.

Анчелоти бил прашан и како Реал постојано продолжува да победува во ЛШ.

– ЛШ е поврзана со историјата и традицијата на клубот, но тука е и квалитетниот тим, во клубот функционираме како фамилија и има навистина одлична атмосфера. Им благодарам на фудбалерите за скромноста, нема големи ега во нашата соблекувална. Не знам како ќе тече прославата, но сигурен сум дека вечерва никој нема да спие, – потенцирал тренерот на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни