Поврзете се со нас

Балкан

Мурињо го потврди новиот ангажман: Точно е, сакам да одам таму (Видео)

Објавено

на

Фото:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо денеска ќе биде дел од големиот број стручни коментатори кои во живо ќе го анализираат финалето на Лигата на шампионите, а по овој ангажман веројатно ќе биде промовиран и во својот нов клуб.

Португалецот ја прифатил понудата на Фенербахче и денеска за „Скај Спортс“ потврдил дека го очекува сериозен предизвик во Турција.

– Решив дека сакам да одам, иако не можам да потврдам официјално дека работата е завршена.

– Лигата на шампионите ќе биде тежок предизвик, бидејќи Фенербахче треба да игра три квалификациски рунди, а дури осум играчи ќе настапуваат на ЕП.

– Ќе биде тешко, но ако одам, знаете дека сакам предизвици – рекол Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни