Поврзете се со нас

Германија

Кимих за неговата иднина: Баерн е прв на мојата листа, но…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен конечно ја реши темата кога е во прашање наследникот на Томас Тухел со назначување на Венсан Компани за кого ова ќе биде прво тренерско искуство во Германија.

Сега „баварците“ ќе можат да се фокусираат на тимот, создавање на што поквалитетен, покомпетитивен состав кој ќе може да одговори на предизвиците во кампањата 2024/2025, сезона за која очекувањата се многу големи со оглед на тоа што актуелнава беше катастрофална за германскиот великан.

Засилувања дефинитивно ќе има, меѓутоа ќе мора да се реши статусот на дел од актуелниот играчки кадар, особено на оние на кои има завршува договорот веќе наредната година. Меѓу нив е Јозуа Кимих кој се поврзува со преселба во Барселона особено сега откако тренер стана Ханси Флик, но тука се и Манчестер Сити, Реал Мадрид…

-Не зависи само од мене. Што клубот сака? Баерн е прв на мојата контакт листа, ќе се разговара за мојата иднина. Имам уште една година од договорот, -порачал германскиот репрезентативец кој е во првиот тим на Баерн од 2015 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни