Поврзете се со нас

НБА

Најдоброто од Словенецот: Дончиќ и неговите супер потези во оваа сезона (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ како лидер го одведе Далас Маверикс во финалето на НБА лигата, прво за клубот од Тексас од ератата на легендарниот Дирк Новицки, тим од кој беше дел сегашниот тренер на екипата Џејсон Кид.

Словенецот уште еднаш потврди дека е генерациски талент, играч кој е способен за големи работи, па и ако максимално не е фит, подготвен со оглед на тоа што се мачи со одредени повреди.

Тој ја заврши плејоф фазата со 28,8 поени, 9,6 скока и 8,8 асистенции по натпревар, а беше прогласен и за МВП на финалето на Западот. Во регуларниот дел пак имаше бројки од 33,9 поени, 9,2 скока и 9,8 асистенции што говори каква кампања има плејмејкерот, но и зошто Далас има шанси да стане нов шампион иако многумина предност му даваат на Бостон Селтикс.

Во продолжение погледнете ги најдобрите потези, моменти на ѕвездата на Маверикс од актуелнава 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни