Поврзете се со нас

Евролига

Олимпијакос го освои третото место на завршниот турнир во Евролигата

Објавено

на

foto:twitter.com/Olympiacos_BC

Кошаркарите на Олимпијакос славеа над Фенербахче со 87:84 во пресметката за третото место на завршниот турнир во Евролигата.

Овие натпревари не се популарни ниту кај играчите, ниту кај тренерите, но мора да се одработат со тоа што во случајот грчкиот претставник се покажа како помотивиран за нијанса и избори триумфот на соочувањето во Берлин.

Како пресудно се покажа првото полувреме кое „црвено-белите“ го добија со 48:37. Фенербахче притискаше во вторите 20 минути, се обидуваше да фати приклучок, но Олимпијакос беше тој што го имаше последниот збор и ја освои бронзата.

Питерс со 20 поени беше број еден кај победникот, еден помалку кај поразените уфрли Пјер.

Само за потсетување, битката за пехарот ќе ја водат Реал Мадрид и Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни