Поврзете се со нас

Македонија

Уште едно засилување: Португалско крило потпиша за Вардар (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Вардар 1961 почна да го формира составот за наредната сезона, а потврда за тоа се активностите на клубот во овој период.

Во текот на вчерашниот ден „црвено-црните“ ја информираа јавноста дека нивен нов член е украинскиот репрезентативец Дмитро Горига за да сега стигне информација дека е ангажиран и повремениот португалски репрезентативец, Мигуел Пинто.

Вардар ангажираше украински репрезентативец за следната сезона

Пинто е десно крило и во Вардар доаѓа од редовите на Агуас Сантас, клуб за кој сезонава на 27 мечеви даде 73 голови. Тој во кариерата има настапува за Порто, Маиа и Гаиа, па со своето искуство и квалитет ќе биде дополнителна помош за Гоце Георгиевски и на Ален Ќосевски.

-Вардар сериозно го засилува тимот и го подмладува, создавајќи база што во иднина ќе носи добри резултати. Мигуел има карактеристики на крило кое одлично ќе се вклопи во нашиот тим, и во него препознавме играч што допрва треба да блесне. Го следевме на повеќе натпревари и сигурни сме дека во Вардар ќе игра уште подобро. Заедно со Ќосевски ќе бидат главните на таа позиција, секако со помошта на искусниот Георгиевски кој се уште има што да им пренесе од своето знаење, -порача извршниот директор, Борко Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни