Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ: Не ги гледав финалињата во НБА лигата, морав да одам на училиште

Објавено

на

foto: x.com/MovistarNBA

Далас Маверикс е во финалето на НБА лигата по пауза од 13 година, а најголем „виновник“ за тоа дефинитивно е Лука Дончиќ.

Лука игра исклучително добра сезона во која прво блескаше во основниот дел за да потоа својата магија ја пренесе во плејофот каде заедно со Кајри Ирвинг беа лидери и го донесоа клубот до завршницата фаза во која ќе ги одмерат силите со најдобриот тим на Истокот, Бостон Селтикс.

Ова дефинитивно е голем чекор за Дончиќ кој запрашан за тоа што за него значи што е во финалето на НБА откако претходно ги гледал завршните битки во некои други години, тој одговори:

-Не ги гледав, беше 04:00 часот [во Европа]. Следниот ден имав училиште, -истакна Словенецот и потоа додаде:

-Многу ми значи, не е лесно. Беше многу тежок пат, но ние сме тука. Не сме завршиле, ни требаат уште четири победи. Но, мислам дека денес сите заслужуваме да уживаме во оваа победа, заврши ѕевздата на Маверикс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни