Поврзете се со нас

Италија

Ал Келаифи се пофали: Јувентус побара враќање во семејството на ЕЦА

Објавено

на

Фото: https://www.juventus.com

Највисокото раководно тело на Европската фудбалска асоцијација (ЕЦА) денеска одржало состанок на кој претседателот Насер Ал Келаифи соопштил посебно важна вест.

Во присуство на специјалниот гостин, претседателот на УЕФА – Александар Чеферин, Ал Келаифи истакнал дека во асоцијацијата во која членуваат над 260 клубови повторно ќе се приклучи Јувентус.

Италијанскиот тим се повлече од членството по првичната најава на проектот „Супер лига“, а претходниот претседател Андреа Ањели дури беше и прв човек на ЕЦА во тие моменти.

– Го започнувам состанокот со важна вест. По неколку состаноци со нивниот менаџмент и сопствениците, задоволно истакнувам дека Јувентус наскоро ќе се врати во ЕЦА и тоа наскоро ќе биде формализирано. Вратите на ЕЦА секогаш се отворени за оние што сакаат да соработуваат и задоволни сме што Јувентус се враќа во европската фудбалска фамилија, – истакнал првиот човек на ЕЦА и ПСЖ.

Италијанските медиуми истакнуваат дека со овој потег Јувентус и дефинитивно става крај на своите активности во групата клубови кои беа формални основачи на проектот „Супер лига“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни