Поврзете се со нас

Англија

Челси во напредни преговори со дефанзивец на градски ривал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Раководството на Челси има амбиции на трансфер пазарот и ова лето, а веќе е во напредни преговори со дефанзивец на Фулам.

Се работи за 26-годишниот Тосин Адарабиојо, фудбалер кој го потврди квалитетот во Премиер лигата, а е атрактивен за повеќе клубови поради фактот што му истече договорот со Фулам.

Адариобојо претходно бил контактиран и од Манчестер Јунајтед и Њукасл, но „Би-Би-Си“ тврди дека веројатно донел одлука да ја прифати понудата на Челси. „Скај Спортс“ оди подалеку и најави дека дефанзивецот веќе има закажани лекарски прегледи за наредната недела.

Поранешниот член на младинската академија на Манчестер Сити претходно одби понуда од Фулам, односно продолжување на договорот, со кој ќе станеше најплатен играч на лондонскиот клуб.

Медиумот истакнува дека евентуалниот официјален договор со Адариобојо ќе го забрза заминувањето на Тревор Чалоба, за кого се претпоставува дека е блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни