Поврзете се со нас

Мото ГП

Спектакуларен спринт на Каталуња: Маркез повторно правеше чуда, Бањаја излета во последниот круг (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/MotoGP

Марк Маркез имаше катастрофални квалификации ова утро и се избори за само 14-то место за утрешната главна трка во Каталонија, но и покрај тоа, попладнево покажа дека има ритам кој може да му донесе добар резултат.

Убедливо најдобар во квалифиакциите беше Алеиш Еспаргаро кој постави нов рекорд на стазата Каталуња, па затоа тргна со предност во спринтот кој одново донесе огромни возбудувања.

Пеко Бањаја влезе подобро во спринт трката и ја доби воведната битка со Еспаргаро, но потоа на крајот направи голема грешка и како првопласиран падна во последниот круг.

Италијанецот му овозможи на Еспаргаро да победи на спринт трката во Каталонија, додека со нов неверојатен пресвр, Марк Маркез заврши на второто место и продолжи да собира бодови.

Одлична вест за него беше излетувањето на Пеко Бањаја, па така Маркез сега е втор и во генералниот пласман, со 37 бода помалку од Хорхе Мартин кој денеска заврши четврти.

Шпанските возачи беа убедливо најдобри на домашната трка и Педро Акоста беше трет, со тоа што мораше да го признае поразот од Маркез од кого беше престигнат во последниот круг.

Маркез успеа да напредува дури 12 позиции на денешната кратка трка, па тоа сигурно ќе му донесе морал и самодоверба за утрешната главна трка во Каталонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни