Поврзете се со нас

Свет

Реал Мадрид ја зголеми предноста во „Ел Класико“ полуфиналната серија

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RMBaloncesto

Кошаркарите на Реал Мадрид брзо го заборавија разочарувањето во финалето на Евролигата и вечерва го зголемија водството во плејофот во дуелот со големиот ривал Барселона.

„Кралскиот клуб“ како европски вицепрвак ја совлада Барса со 104:98, во натпревар кој беше решен на крајот на третиот и почетокот на четвртиот период.

Домаќините не дозволија брејк, а најдобри реализатори кај Реал беа Љуљ и Муса со по 18 поени.

Во редовите на Барселона, Весели броеше до 24, додека Саторански го заврши натпреварот со 15 поени, но нивниот ефект не беше доволен за позитивен резултат во Мадрид.

Реал води со 2:0 по првите две средби од полуфиналето, а сега домаќин ќе биде Барселона. Во второта полуфинале, Мурсија има изненадувачка предност од 2:0 против Уникаха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни