Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Начо за „посебната моќ“ на Реал во финалињата на ЛШ: Тоа не го измисливме самите

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Начо е еден од најискусните фудбалери во редовите на Реал Мадрид, па денеска го придружувал Карло Анчелоти на прес-конференцијата за најава на утрешното финале во Лигата на шампионите.

Шпанскиот клуб ја има улогата на фаворит во дуелот со Борусија Дортмунд и ќе атакува на 15. европска титула, а Начо смета дека неговиот тим и овојпат ќе покаже дека има посебна моќ на финалните средби.

– Мислам дека сите кои ја следат играта, знаат дека Реал Мадрид е посебен тим во Лигата на шампионите.

– Не го измисливме сами тоа, кога ќе ја слушнеме химната се појавуваат посебни емоции, но истовремено знаеме и каква одговорност имаме.

– Имаме максимален респект кон противникот, но истовремено и голема самодоверба во сопствените можности, – истакнал Начо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни