Поврзете се со нас

Англија

Карагер знае што му е потребно на Арсенал за да ја освои титулата во ПЛ

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал веќе две децении чека на трофеј во Премиер лигата, трофеј до кој беше многу блиску во изминативе две сезони, но попушташе во завршницата или подобро кажано Манчестер Сити беше тимот кој го имаше последниот збор.

Постојано има дебати, размислувања што им е потребно на „топчиите“ за да го направат тој завршен чекор, тема на која се огласи и Џејми Карагер кој верува дека со две засилувања во престојниот летен преоден рок составот од Лондон ќе биде способен да ја оствари посакуваната цел.

-Мислам дека на Арсенал му требаат двајца играчи. Потребен им е лев бек и одличен напаѓач. Не мора да биде центарфор. Луѓето постојано велат дека им треба голгетер. Понекогаш може да имате голгетер кој игра широко.

-Салах е таков за Ливерпул. Мане беше таков во минатото. Само мислам дека им треба уште еден врвен напаѓачки играч кој ќе оди заедно со Сака. Тогаш еден од другите може да ја исполни другата улога – Мартинели, Тросар или Хаверц. Ако добијат друг врвен напаѓач, погледнете ги тие пет или шест имиња, тоа е прилично вкусно, -вели Џејми кој очекува Арсенал да го нападне врвот и во кампањата 2024/2025.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни