Поврзете се со нас

Италија

Фламини за најавениот наследник на Пиоли: Квалитетен тренер, носи убав фудбал!

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Стефано Пиоли нема повеќе да го води калчолигашот Милан кој сега работи за тоа што побрзо да се реши прашањето околу неговиот наследник.

Иако се уште нема официјална потврда, клубот од „Сан Сиро“ веќе го има обезбедено новиот тренер и тоа е Пауло Фонсека кој досега беше дел од Лил.

Португалецот има искуство во Серија А во Рома и „росонерите“ веруваат дека истото ќе му помогне, придонесе тој да има успешна приказна иако пак дел од навивачите не се импресионирани со неговиот потенцијален ангажман. Метју Фламини пет години беше дел од италијанскиот великан и од свој агол посочи што Фонсека може да му донесе на Милан.

-Не беше лоша сезона за Милан, но сите се надеваме дека ќе го освојат Скудетото. Тие се подобруваат и се надеваме на следната сезона. Фонсека е квалитетен тренер. Навивачите сакаат да победуваат, тој е некој кој сака убав фудбал, па може да биде вистинскиот тренер за Милан, -порача Фламини за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни