Поврзете се со нас

Англија

Челси се уште нема назначено нов тренер, ама е на добар пат да го обезбеди првото летно засилување

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Англискиот премиерлигаш Челси се уште го нема официјализирано наследникот на Маурисио Покетино со тоа што веќе има информации, вести на оваа тема дека тоа ќе биде досегашниот предводник на Лестер, Енцо Мареска.

Италијанецот треба да добие договор до 2029 година со опција за уште една сезона, но додека се чека потврда клубот од „Стемфорд Бриџ“ веќе работи на пазарот околу летните засилувања.

Имено „сините“ се на добар пат да добијат ново име во одбраната, фудбалер кој ќе дојде од ривал од ПЛ. Се работи за 26-годишниот Тосин Адарабијо кој ќе биде слободен агент по 30 јуни, па за него силен интерес имаше од Њукасл, но како што стојат работите Челси ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Ако се оди според планот Тосин ќе биде прво засилување за Мареска или поточно во новата ера, приказна на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни