Поврзете се со нас

Македонија

Вардар ангажираше украински репрезентативец за следната сезона

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/hoorihaa

Украинскиот репрезентативец Дмитро Горига следната сезона ќе го носи дресот на македонскиот ракометен суперлигаш Вардар.

„Црвено-црните“ денеска објавија дека 26-годишниот Горига ќе биде засилување на позицијата лев бек, истакнувајќи го фактот дека е играч во две насоки, односно ќе игра во напад и одбрана.

Горига во Скопје доаѓа од Катар каде настапува за тимот на Ал Араби. Претходно има настапувано и во Франција во екипата на Екс Ан Прованс, во Полска во тимот на Шчечин, додека во Украина играл за тимот на Мотор Запорожје.

Беше дел од украинската репрезентација на ЕП 2022, како и во баражот за ЕП 2024, а има освоено првенство и куп во Украина.

– Сигурни сме дека Дмитро ќе се вклопи брзо во нашиот систем на играње и ќе може во целост да го покаже својот квалитет. Со играњето во два правци, и во напад и во одбрана добиваме играч кој ќе придонесе за помалку менувања, и побрза транзиција.

– Дмитро е истовремено и одлична личност која со својот карактер се вклопува во нашата филозофија. Секоја чодина одиме чекор понапред, и создаваме тим што во иднина ќе ги донесе посакуваните резултати на клубот, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на РК Вардар за официјалната интернет страница на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни