Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Реал Мадрид го чуваше најдоброто за крајот и се врати на европскиот трон (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Борусија Дортмунд беше подобар и поопасен противник во првото полувреме, но откако не ги искористи своите шанси, беше казнета во завршните 15 минути од натпреварот.

Реал Мадрид стигна до 15. титула во Лигата на шампионите, подобрувајќи го и онака импресивниот рекорд и тоа со триумф со резултат 2:0, со головите на Карвахал и Винисиус.

Шпанскиот клуб го засили темпото во последната четвртина од мечот, Борусија не можеше да парира како претходно, а првиот удар беше зададен по корнер од левата страна, кој Крос го изведе одлично, а Карвахал го претвори во погодок со удар со глава.

Завршниот удар дојде по грешката на Матсен и топката која Винисиус ја доби пред шеснаесетникот на Борусија, па без проблеми го совлада Кобел за конечни 2:0.

Фулкруг во завршницата постигна гол, но тој беше поништен поради офсајд, па Борусија не успеа да реализира во финалето и да го направи финишот поинтересен.

– – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – –  – – – – – – – – – –

87′ – Фулкруг постигна гол со глава, но голот е поништен по ВАР проверката.

83′ – 0:2 Винисиус профитираше од слаба реакција во одбраната на Борусија, Реал Мадрид зголеми на 2:0. 

81′ – Камавинга шутираше од 25 метри, Кобел исфрли од корнер. Корнерот изведен и нова одбрана на Кобел по ударот на Начо. Реал беше блиску до зголемување на предноста

80′  – Терзиќ уфрли двајца напаѓачи. Алер и Мален на местата на Емре Џан и Брандт.

77′ – Белингам доби убава топка и шутираше без размислување, но беше изблокиран од Шлотербек и топката заврши во корнер.

73′ 0:1 – Нафрлување од корнер, Карвахал на прва статива ја закачи топката со глава и ја испрати во мрежата на Борусија. Реал Мадрид води со 1:0.

69′ –  Винисиус нафрли, Белингам во петерецот за малку не ја закачи топката со глава. Ова беше голема опасност во шеснаесетникот на Борусија.

63′ – Одлично нафрлување од левата страна, Фулкруг бие силно со глава, но Куртоа брани. Најдобра шанса за Борусија во вториот дел, но нема реализација.

60′  – По еден час игра, резултатот на „Вембли“ останува непроменет од почетокот.

57′ – Шанса за Реал Мадрид. Карвахал доби топка и биеше од прва, но добра реакција на одбраната и Кобел.

Сатон: Борусија заслужи да води на полувреме

49′ – Крос шутираше од слободен удар, Кобел интервенираше и исфрли во корнер. Најдобра шанса досега за Реал Мадрид, останува 0:0.

46′ Старт на второто полувреме, нема промени на двете страни.

45+4′ – Крај на полувремето, резултатот остана 0:0

41′  – Забицер шутираше опасно од дваесетина метри, Куртоа исфрли во корнер.

35′  – Прв жолт картон. Го заработи Винисиус по остриот старт над Кобел.

28′  – Повторно Адејеми излезе во добра ситуација пред Куртоа. Овојпат малку од косо биеше фудбалерот на Борусија и Куртоа одбрани, а Фулкруг од тешка позиција не успеа да ја искористи одбиената топка.

27′ – Винисиус нафрли опасно од левата страна, но Шлотербек расчисти пред топката да дојде до Белингам.

23′ – Нова голема двојна шанса за Борусија. Прво не погоди Адејеми, а од вториот обид Фулкруг го погоди дирекот. Можеби напаѓачот на Борусија беше во офсајд, но тоа допрва ќе се проверуваше.

21′ – Најголема шанса досега. Адејеми излезе сам пред Куртоа, се обиде да го издрибла голманот на Реал и погреши. Само корнер за Борусија Дортмунд.

14′ – Добра акција на Борусија, Брандт бие од десетина метри, но покрај голот. Останува 0:0 во финалето.

12′ – Посед на топка 45%-55%

6′ – Прв корнер за Борусија, топката стигна до петерецот, но расчисти Крос со добра интервенција и ја отстрани опасноста.

1′ – Само што започна натпреварот, на теренот се појави натрапник кој го фати обезбедувањето на спиење, а ја искористи можноста да си направи селфи со Џуд Белингам. Неочекувано пасивното обезбедување испровоцира уште неколку фанови да се најдат на теренот.

Реал Мадрид атакува на 15-та, а Борусија Дортмунд на 2-та титула во Лигата на шампионите, а вечерва на „Вембли“ по најмалку два часа ќе биде познато која екипа ќе слави со своите фанови.

Главен судија на натпреварот е Словенецот Славко Винчиќ.

Фановите на Борусија со различна реакција: Овации за Клоп, свирежи за Мурињо (Видео)

Борусија го потврди составот за финалето на „Вембли“

Анчелоти нема што да тактизира: Составот на Реал објавен неколку часа пред финалето

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни