Поврзете се со нас

Македонија

Гогов потпиша нов договор со Вардар

Објавено

на

Голманот Васил Гогов и во иднина ќе биде дел од најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар.

„Црвено-црните“ остануваат без првиот голман Мартин Томовски кој одлучи да замине во Германија, па управата на клубот реагираше и успеа да пронајде заеднички јазик со Гогов тој да остане во сегашната средина.

Томовски си заминува во Вардар и се сели во Германија: Среќен сум што ќе бранам во најдобрата лига на светот

Во таборот на Вардар веруваат дека допрва доаѓа најдоброто од Гогов и според новата договорена соработка тој ќе биде дел од двократниот европски првак најмалку до 2026 година.

-Гогов е голман кој е иднината на македонскиот ракомет, и тој допрва ќе блеска. Вардар е задоволен од неговото напредување и е убеден во уште подобри игри во иднина. Досега секогаш беше дел од голмански тим каде можеше да научи и да „украде“ од поискусните и време е да добие поголема минутажа во иднина. Вардар секогаш е место каде има шанса за докажување и напредување, -порача извршниот директор, Борко Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни