Поврзете се со нас

Европски првенства

Пикси направи пресек и го објави конечниот список за ЕП (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FSSrbije

Завршните списоци за Европското првенство во Германија треба најдоцна да се достават до 7-ми јуни, а Драган Стојковиќ Пикси тоа го направи десет дена порано.

Откако пред една недела објави поширок список со 35 фудбалери, денеска српскиот селектор направи рез и ги објави 26-те патници за турнирот кој ќе се игра во Германија.

Во кратењето на Пикси нема поголеми изненадувања и воглавно отпаднаа фудбалери кои немаат сигурен статус во репрезентацијата, што значи дека Стојковиќ ќе патува на континенталниот собир со проверени сили.

За разлика од Светското првенство, Пикси сега нагласи дека Србија нема да има алиби и ќе мора да ја мине групната фаза на Европското првенство, а ако се биде реален, таа задача нема да биде воопшто лесна.

Србија се најде во групата Ц на Европското првенство, главен фаворит за првото место е Англија, а за второто се очекува да се борат „орлите“, Данска и Словенија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни