Поврзете се со нас

Репрезентација

Велковски пред дуелот на „Рујевица“: Треба да покажеме квалитет против силната Хрватска

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација го одржа првиот тренинг на стадионот „Рујевица“ во Ријека, како дел од завршните подготовки за контролниот натпревар против Хрватска закажан за 3. јуни.

Нашиот репрезентативец, Дарко Велковски, кој во минатото настапуваше за прволигашот од овој хрватски град, вели дека Македонија треба да покаже храброст и да се надева на позитивен резултат против фаворитот Хрватска.

– После две години се враќам на стадионот каде што минав четири прекрасни години. Се соочуваме со Хрватска, а сите знаеме што значи таа репрезентација во светски рамки.

– Ние сме долго време заедно и сметам дека треба да покажеме квалитет. Да се надеваме на добра игра и позитивен резултат. Мора да бидеме концентрирани во текот на целиот меч. Хрватска е многу силна во средниот ред, имаат искусни фудбалери.

– Треба да се обидеме да ги користиме шансите од противнапад. Се надевам на позитивен тест. За нас во овој период се важни ваквите натпревари, – изјави Велковски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни