Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер ја прекина серијата на Ферстапен и ќе стартува од позицијата број еден во Монако

Објавено

на

foto: x.com/f1

Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше најдобар, најбрз на денешните квалификации и ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Монако.

Леклер уште еднаш потврди дека добро се чувствува на домашен терен и по трет пат во кариерата ќе тргне од позицијата број еден во Монако со тоа што сигурно се надева дека ова ќе биде трета среќа за него и конечно ќе забележи победа.

Со ова Шарл воедно ја прекина доминацијата, серијата на Макс Ферстапен кој ја освојуваше пол позицијата на сите квалификациите во актуелнава сезона. Холанѓанецот нема по добро да го памети денешниот ден затоа што го заврши на шестото место или поточно зад Пјастри, Сајнц, Расел и Расел кои беа од втората до петтата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни