Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата во македонската ракометна лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Алкалоид на домашен терен (32:28) и на тој начин втора сезона по ред стигнаа до титулата во македонската машка ракометна Супер лига.

Битолчани бодрени од домашните фанови уште на полувреме најавија дека одат на сигурна победа и стигнаа до предност од 18:13, а не дозволија многу грешки и во продолжението.

Алкалоид до крајот одржуваше резултатска неизвесност и не се откажуваше од позитивен резултат, но немаше сили да му се приближи целосно на старо-новиот шампион.

Во Скопје, Вардар го доби дуелот со Бутел на гостински терен (25:31), но таа победа немаше посебен ефект бидејќи Еурофарм Пелистер ја задржа предноста на врвот на табелата.

Вардар денеска го одбележа заминувањето на четворица досегашни ракометари (Мишевски, Томовски, Ѓукиќ и Карапалевски) и официјално им се заблагодари за досегашната соработка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни