Поврзете се со нас

Италија

Гулит верува во него: Тој ќе биде добро засилување за Милан (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: sempreinter.com

Милан освен што ќе направи промена на тренерската позиција дефинитивно ќе смени и дел од актуелниот играчки кадар, односно дел од фудбалерите ќе си заминат, а секако во исто вреќе ќе има и соодветни замени, асови кои ќе треба да донесат свежат крв.

Повеќе од јасно е дека „росонерите“ ќе мора да ја пополнат дупката која настанува со заминувањето на Оливие Жиру, па како негов наследник веќе некое време се споменува Џошуа Зиркзе од Болоња, холандски интернационалец кој имаше добра кампања со 12 гола и 7 асистенции на 37 средби за калчолигашот.

Тој има откупна клаузула од 40 милиони евра, но и сума која неговите агенти треба да ја одбијат при трансфер, па се работи на оваа операција која ја поздрави и легендата на Милан, Руд Гулит.

-Ми се допаѓа Зиркзе, го познавам откако заедно со мојот син играше за тимот до 17 години. Тој е напаѓач со вистински нос за гол, секогаш се наоѓа на вистинското место во вистинско време. Тој би бил добро засилување за Милан, -порачува Гулит.

Зиркзе има само 23 години и допрва се очекува најдоброто од него кога е во прашање сениорскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни