Поврзете се со нас

Германија

Компани на промоцијата во Минхен: Ќе барам две работи од играчите на Баерн

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Венсан Компани вчера беше потврден како нов тренер на Баерн Минхен, но легендарниот Белгиец денеска ја дочека официјалната промоција и за првпат се сретна со германските новинари.

Поранешниот капитен на Манчестер Сити го одработи првиот прес како тренер на Баерн и мораше да објаснува што може да сее очекува од неговиот тим, особено поради фактот што нема преголемо тренерско искуство до оваа фаза од кариерата.

Компани го водеше Андерлехт и потоа мина уште две сезони во Барнли, па добар дел од германските новинари сметаат дека Компани сепак не е доволно подготвен да води голем великан како Баерн, во кој главна задача е да се победува на секој натпревар.

– Ќе барарм само две важни работи од играчите на Баерн. Да бидат храбри со топката во нозе и да бидат агресивни. Тоа се двете работи кои ме пресликуваат мене како фудбалер. Се надевам дека тој спој ќе не краси на секој натпревар и во секоја одиграна минута.

– Мојата филозофија? Јас пораснав на улиците во Брисел и во академијата на Андерлехт. Ме научија дека тимот е најважен, дека играчите мора да бидат храбри и да бидат агресивни. Во Андерлехт сте обврзрани да победувате на секој меч од 6-та до својата 20-та година и добро знам што е притисок. Знам дека ќе се бара од мене да победувам на секој натпревар во Баерн.

– Премногу се рано да се зборува кои играчи ќе останат во тимот. Јас ќе барам играчи кои се уште чувствуваат глад за победа. Баерн не стана шампион после долги години и потребни ќе ми бидат играчи кои се доволно гладни за да го вратат Баерн на врвот, – изјави Компани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни