Поврзете се со нас

Формула 1

Леклер по славјето во Монако: Ова не можам да го опишам со зборови

Објавено

на

foto: x.com/F1

Асот на Скудерија Ферари, Шарл Леклер беше најбрз на трката за Големата награда на Монако, победа со која испиша историја затоа што стана прв домашен возач кој успеал да слави во Монте Карло во Ф1 шампионатот.

Леклер по трет пат во кариерата ја имаше пол позицијата на оваа стаза која е специфична, предност која сега ја искористи и забележа резултат кој му донесе многу среќа и задоволство.

-Нема зборови за да се опише ова. Ова е толку тешка трка, двапати стартував од пол-позицијата и тоа ги прави работите подобри. Многу ми значи. Ова е трката што ме натера да сонувам еден ден да станам возач на Формула 1. На 15 круга до крајот, се надевате дека ништо нема да се случи и емоциите се на високо ниво, -рече Шарл кој не заборави да го спомене и татко му кој е починат.

-Татко ми даде сè за да бидам овде и тоа беше нашиот сон, да се тркаме овде и да победуваме, ова е неверојатно, -порача возачот од Монако.

Трета среќа: Леклер триумфираше во „својот“ Монако

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни