Поврзете се со нас

АТП

Зверев го „преживеа“ Грикспор, Медведев и Хуркач загубија по еден сет

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Александер Зверев во првото коло на Ролан Гарос мораше да се соочи со Рафаел Надал, потоа имаше соочување со некогаш големиот ривал Давид Гофан, а во третата рунда налета на уште еден незгоден противник, кој во случајов му создаде и многу проблеми.

Холанѓанецот Грикспор имаше водство од 1:0, успеа да изнуди петти сет и во него беше елиминиран преку тајбрејк, во кој Зверев сепак го потврди искуството и квалитетот.

Грикспор го доби првиот сет со 6:3, Зверев направи пресврт со два сета кои ги доби со 6:4 и 6:2, додека Холанѓанецот избори петти сет добивајќи го четвртиот со 6:4.

Следен противник на германскиот тенисер ќе биде подобриот од мечот меѓу Руне и Ковалик.

Пласман во осминафиналето изборија и Медведев и Хуркач, кои со идентични 3:1 ги добија мечевите против Махач и Шаповалов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни