Поврзете се со нас

Англија

Во трка со времето: Арсенал сака да ангажира големо засилување пред ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал остана без значаен трофеј и во актуелнава сезона што дефинитивно од една страна е разочарување, но од друга поттик да се сменат работите веќе во натпреварувачката 2024/2025.

Дефинитивно се работи за финеси, ситници кои „топчиите“ мора да ги корегираат, а тоа ќе го направат со ангажман на некој играчи. Веќе некое време се говори на Арсенал му е потребен нов класичен напаѓач, гол играч и како што стојат работите премиерлигашот ќе притиска таков профил да обезбеди во летниот преоден рок.

Клубот од Лондон веќе има една трансфер цел и тоа е талентираниот Бенјамин Шешко кој пред само неколку дена го прослави 21 роденден. Според новинарот Флоријан Плетенберг англискиот вицешампион притиска за овој трансфер кој сака да го реализира пред почетокот на Европското првенство во Германија.

Напаѓачот има откупна клаузула од 65 милиони евра која важи до крајот на овој месец и Арсенал ќе се обиде да ја искористи затоа што „биковите“ не сакаат да дадат попуст, па дури и работат на продолжување на соработката.

Словенецот е интересен за Челси и Манчестер Јунајтед, па останува да се види кој ќе дојде до потписот на играчот кој во минатото беше споредуван со Ерлинг Халанд поради сличната конституција, но и фудбалскиот пат затоа што двајцата играа за РБ Салцбург по што завршија во Германија од каде Норвежанецот заврши во Англија, дестинација која може да биде и за соиграчот на нашиот Елиф Елмас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни