Поврзете се со нас

Европски првенства

Спалети објасни зошто не ги повикал Локатели и Бонавентура за настап на ЕП

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети денеска имал подолго соочување со италијанските медиуми, па ги одговорил сите прашања кои се формираа од дебатите поврзани со списокот играчи кои ќе настапат на ЕП во Германија.

Спалети меѓу другото првпат отворено зборувал зошто не ги повикал искусните Мануел Локатели и Џек Бонавентура.

– Ме боли срцето што не го повикав Бонавентура, тој поседува сериозен технички квалитет, но мислам дека ми се потребни поинакви фудбалери според она што планираме да го играме како формација.

– Локатели е второто момче за кое многу жалам. Тој е сериозен човек и професионалец, но мене ми требаше покреативен фудбалер на таа позиција. Можеби тој игра поконзервативно во својата улога, но секако ќе биде во плановите во иднина, сега може само да му се извинам што не го повикав, – рекол Спалети.

Италијанскиот селектор го објаснил и повикот за Николо Фаџоли, играчот кој доби место во националниот тим иако неодамна му заврши суспензијата поради која не играше натпревари со месеци.

– Се работи за техничко решение, тој има квалитет и потребна страст. Можеби физички не е најподготвен, но ми треба за да имаме повеќе опции во моментите кога треба да ја држиме топката, – вели Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни