Поврзете се со нас

Балкан

Мекиќ промаши само еднаш, Задар го преживеа Сплит и се избори за „мајсторка“ за титулата

Објавено

на

Foto: www.facebook.com/kkzadar/Zvonko KUCELIN

Екипата на Задар за која настапува Адем Мекиќ успеа да го преживее Сплит и се избори за „мајсторка“ во борбата за титулата во Хрватска.

Домаќините имаа меч топка, ама паднаа на испитот, притисокот и во својот дом беа декласирани со 84:55 што значи дека шампионот ќе се решава во салата „Крешимир Ќосиќ“ во недела од 20 часот.

Божиќ беше лидер со трипл-дабл од 25 поени, 1о скока и 11 асистенции, а од клупата Мазалин уфрли 20 поени со 8 скока.

Нашиот репрезентативец Мекиќ одлично ги искористи добиените минути на паркетот, па уфрли 9 поени (за 11 минути) со само едно промашување од игра (0/2 за еден, 3/4 за два, 1/1 за три), плус запиша по 1 скок и асистенција и имаше 2 украдени топки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни