Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за отказот на Чави: Тоа е добро за Барселона…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес нема повеќе да ја води Барселона, тим кој веќе и го претстави неговиот наследник и тоа во името на германскиот стратег Ханси Флик.

Ернандес мина низ една драма во 2024 година, драма во која тој беше првиот што реши да се повлече на крајот на сезоната, па во меѓувреме резултатите се поправија, раководството на клубот притискаше да остане што на крајот и донесе резултат, легендата се премисли и реши да остане на „Камп Ноу“ до 2025 година до завршувањето на договорот.

Во меѓувреме се случи нов пресврт, претседателот Лапорта и останатите најблиски соработници неочекувано свртија нов лист и тоа за Чави значеше крај на престојот во Барселона.

Овој однос на управата кон легендата сигурно нема да остане заборавен кај вистинските навивачи на клубот особено ако резултатите не се поправат во кампањата 2024/2025.

Имаше неколку реакции за односот на клубот меѓу кои најгласен беше тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес за да сега својот став го подели и тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

Санчез Флорес ги нападна Лапорта и компанија: Не треба ова да го кажам, но…

Санчез Флорес: Барселона има проблем и тоа не е Чави…(ВИДЕО)

-Тоа е дел од работата да се биде тренер. Мислам дека Чави ќе биде малку изнервиран од тоа што се случи, бидејќи мислам дека е првпат да биде отпуштен, но со текот на времето верувам тоа ќе го сфати како дел од работата. Кога нема добри односи меѓу клубот и тренерот, најдоброто нешто што треба да се направи е да се разделат патиштата.

-Ми се има случено многупати – ми се случи во Наполи, Баерн Минхен, Челси… Подобро е да се разделиме и мислам дека е добро за Чави, а можеби и за Барселона, -порача Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни