Поврзете се со нас

Франција

Енрике обелодени како ПСЖ ќе го замени Мбапе: Тоа ќе го направиме…

Објавено

на

foto: x.com/dembouz

Килијан Мбапе си заминува од Пари Сен Жермен и со тоа се става крај на една ера на „Паркот на принцовите“, ера која беше завршена со потврда на доминацијата на тимот во Франција со оглед на тоа што покрај Лига 1 беше освоен и трофејот во Купот и тоа со триумф над Лион од 2-1.

Мбапе се очекува да биде потврден како нов играч на Реал Мадрид, но она што е поинтересно е да се види каква ќе биде реакцијата на „светците“ и како тие ќе го заменат играчот кој долго време беше алфа и омега, незаменлив во составот. Тренерот Луис Енрике веќе откри дел од летните активности, планови кои ќе треба да помогнат да се затвори дупката која настапува со заминувањето на еден од најдобрите светски играчи.

-Како ќе го замениме Мбапе? Четири, пет, шест засилувања… Што и да можеме да направиме. Замената на Килијан ќе биде тимот кој со навивачите што ги имаме и амбициите што ги има овој клуб да освои се што ќе се обидеме во наредните сезони и ќе видиме дали ќе успееме тоа да го постигнеме.

-Ова е голем предизвик за секој играч кој сака да дојде овде. Сакаме да направиме историја. Овој клуб порано или подоцна ќе ја освои таа долгоочекувана Лига на шампиони. Може да поминат години, но без сомнение ќе ја освои Лигата на шампионите во иднина, -порача шпанскиот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни