Поврзете се со нас

Франција

Мбапе за својот следен клуб: Се уште добивам плата од ПСЖ, бидете трпеливи уште неколку дена

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе се уште упорно одбива да го признае она што го најавува цела спортска јавност, па за официјална потврда на неговиот трансфер во Реал Мадрид најверојатно ќе мора да дочекаме соопштение од самиот клуб.

Француската суперѕвезда одбива да даде конкретен одговор за својот следен клуб при секое јавно излагање, а таков е случајот и во последното интервју за „Си-Ен-Ен“.

Мбапе почна да ужива во одморот кој го има пред стартот на Европското првенство и јасно е дека на турнирот ќе настапи како член на нов клуб, бидејќи и самиот тој сега најави дека официјално соопштение ќе добие јавноста за неколку дена.

Според најавите, Реал Мадрид планира да ја потврди информацијата на почетокот на наредната недела, откако ќе стивнат најголем дел од реакциите по големото финале во Лигата на шампиони.

– Бидете трпеливи уште неколку дена. Прашање на денови е кога ќе биде официјално и сакам да уживам во овој период без официјални обврски кон еден клуб. Сепак, јас се уште сум под договор со ПСЖ и се уште добивам плата од нив, – изјави Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни