Поврзете се со нас

Репрезентација

Велковски: Сакаме да ги оправдаме очекувањата на јавноста, подготвени сме за ЕП!

Објавено

на

Македонија ја оправда улогата на фаворит и славеше над Грција со 33-30 на пријателскиот натпревар што се одигра во Скопје.

Ракометарите ја совладаа Грција на првиот тест во Скопје

Избраниците на Лазаров имаа проблеми да се наметнат во првите 20 минути, но потоа имавме одлична завршница на првиот дел по што на пауза заминавме во 18:15 за да по одморот водиме и со шест-седум разлика за да на крајот Грците се изборат за поприфатлив пораз

-Речиси 15-20 дена бевме на подготовки и сè уште чувствуваме замор, ама полека влегуваме во форма. Мислам дека одигравме добар меч, имавме и одредени падови во играта, но мислам дека заслужено победивме. Одиме подготвени на ЕП, -истакна бекот Мартин Велковски.

-Следи ЕП, нормално е да има возбуда, играте пред цела европска ракометна јавност, имаме тешка група, но мора да се фокусираме на себе, да се претставиме на најдобар можен начин и се надевам дека ќе ги оправдаме очекувањата на публиката. Пред се со борбеност како што треба да се брани македонскиот дрес, -заклучи членот на Алкалоид.

Кузмановски: Работиме напорно, квалитетот ќе излезе на виделина

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни