Поврзете се со нас

Репрезентација

Ракометарите ја совладаа Грција на првиот тест во Скопје

Објавено

на

Машката сениорска репрезентација на Македонија оствари победа над Грција од 33-30 на првиот тест кој се одигра во Скопје.

Ова за нашиот национален тим беше прв контролен меч на свое тло и во истиот оствари рутински триумф над јужниот сосед. Селекторот Кире Лазаров им даде шанса на речиси сите ракометари (недостасуваа Маркоски (повреда) и Пешевски (болен) кои имаа можност да покажат што знаат и умеат во овој последен контролен натпревар од отворен тип на репрезентацијата пред настапот на Европското првенство.

Ние имавме проблеми во првите 20 минути, ама потоа си дојдоа работите на место и на пауза се изборивме за предност од 18:15. Во вториот дел водевме и со шест-седум разлика, имавме контрола како на резултатот така и самата игра.

Грците на крајот се изборија за поприфатлив пораз, но ова беше добра контрола за македонската селекција која утре со истиот овој противниќ ќе има ново соочување, ама од затворен тип.

Митревски имаше осум интервенции, прв стрелец беше Лазаревски со осум погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни