Поврзете се со нас

Англија

Сити ја одбрани титулата и испиша историја, Гвардиола постави нови стандарди во Премиер лигата!

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити без голема драма и без посериозни потешкотии го одработи последното коло во Премиер лигата, а победата над Вест Хем значи дека тимот на Пеп Гвардиола испиша нова историја во англиската елита.

Сити стана првиот тим во историјата кој освоил четири титули во низа во Премиер лигата, па со тоа Шпанецот изби како единствен на вечната листа, надминувајќи го Сер Алекс Фергусон кој беше пак единствениот со три во низа пред да дојде Гвардиола во Англија.

Бранителот на титулата тргна фуриозно против Вест Хем и со два брзи гола на Фоден дојде до посакувано водство, но пред крајот на првиот дел настана мала нервоза поради неверојатниот гол на Кудус.

Фудбалерот на Вест Хем режираше неверојатни „ножички“ и внесе возбуда во шампионската трка, но сепак на теренот се прашуваа само домаќините, кои продолжија да доминираат и контролираат во вториот дел.

Дефинитивниот гол за победа и нова титула го постигна Родри во 59-та минута, па така стана безначајно што ќе направи Арсенал до крајот на мечот со Евертон.

„Топчиите“ стигнаа до победа со голот на Хаверц во 89-та минута, но победата од 2:1 ќе биде премала утеха за навивачите на Арсенал кои втора година по ред останаа без трофејот.

Од друга страна, Сити ја продолжува својата доминација во англиската елита, па стигна и до јубилејниот 10-ти трофеј во најсилното друштво на Островот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни