Поврзете се со нас

Англија

Кудус со ремек-дело донесе надеж за Арсенал во шампионската трка (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/WestHam

Фил Фоден постигна два брзи гола за навидум сигурна предност на Манчестер Сити во клучниот меч за титула, но пред крајот на првиот дел, гостите од Лондон донесоа надеж за Арсенал.

„Топчиите“ губеа до самиот финиш на првиот дел од Евертон и преку Томијасу израмија на 1:1, но поважно за нив беше тоа што добија и една добра вест од „Итихад“.

Мохамед Кудус постигна страшен гол со акробатски „ножички“ и внесе мала неизвесност во шампионската битка, која своја разврска ќе добие во следните 45 минути.

Магијата на фудбалерот на Вест Хем сигурно ќе биде голем предизвик за избраниците на Гвардиола, кои сега не смеат да си дозволат ризик со втор примен гол.

Сити и натаму има предност во трката во овој момент, но погодокот на Кудус разбуди нова искра надеж меѓу фановите на Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни