Поврзете се со нас

Шпанија

Тешката повреда на легендарниот Силва отвора врата за Иско во Ла Лига

Објавено

на

Иско Аларкон пред неколку дена зборуваше за најтешките моменти кои ги мина во Реал Мадрид и Севилја, но при интервјуто кое го направи за „Марка“, јасно стави до знаење дека не се откажува и дека кариерата ќе ја продолжи во сезоната која претстои.

Поранешната ѕвезда на „кралскиот клуб“ имаше многу лоша етапа во Севилја и поради караница со Мончи си замина од Андалузија, а тоа направи да биде фудбалски неактивен неколку месеци.

Во последно време, Иско се поврзуваше со неколку клубови надвор од Шпанија, но последните информации од оваа земја велат дека сега повторно му се отвора врата во родната земја, и тоа поради тешката повреда на Давид Силва.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Сити вчера заработил тешка повреда на коленото и во наредниот период ќе оди на консултација со специјалист, по што ќе се знае дали ќе прави операција на предниот вкрстен лигамент.

Тоа значи дека Силва ќе паузира од шест до девет месеци, а „Марка“ и „АС“ откриваат дека Реал Сосиедад веднаш помислил на Иско како адекватна замена за повредениот Давид.

Иско има статус на слободен агент и би пристигнал во Сан Себастијан без отштета, па во моментов тоа е најтрактивната понуда која Аларкон ја има на маса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни