Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сетиен си го насетува отказот: Кога Пике го вели тоа, тогаш знаете дека нешто не чини

Објавено

на

По катастрофалниот пораз од Баерн Минхен, тренерот на Барселона, Кике Сетиен веќе почна да си ги пакува куферите.

Искусниот стратег е првата „глава која ќе летне“ по неверојатното понижување на вчерашниот натпревар во Лисабон.

Тоа е и за очекување ако се земе предвид дека и претходно Сетиен беше на удар на јавноста во Шпанија.

По катастрофата од Баерн Минхен и примените осум голови, тренерот на Барселона даде коментар по кој јасно се гледа дека и тој очекува отказ од клубот.

– Многу болен пораз, примивме премногу голови. Баерн целосно не надигра. Кога Пике ќе каже нешто како што кажа претходно, тогаш знаете дека во тимот нешто не чини. Сите сме многу фрустрирани и ќе мора да донесеме одлуки мислејќи на иднината на клубот. Ова боли многу.

– Не знам дали ќе останам тренер или не, тоа не зависи од мене. Сигурно ќе дојде до некои реакции, посебно ако се земе предвид колку понижувачки беше овој пораз, -заклучи Сетиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни