Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Засрамениот Пике со „бомба“ по дебаклот од Баерн: Го допревме дното, подготвен сум да си одам!

Објавено

на

Жерард Пике прв собра хрбарост да зборува по историскиот срам кој го претрпе Барселона во Лисабон, откако тој и неговите соиграчи примија дури осум голови од германскиот првак.

Баерн Минхен со 8:2 ја декласираше Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите и каталонскиот гигант трета година по ред доживува хорор во најелитното натпреварување, по што за очекување е да има значителен потрес во клубот, започнувајќи уште од вечерва.

Пике како еден од најискусните нагласи дека изведбата на тимот е вистински срам, па поцрвенет како никогаш претходно, порача дека е подготвен да си оди за доброто на тимот.

– Го допревме дното. Ако треба да си одам за да дојде свежа крв, одма си одам. Во Европа не даваме никакви значи за натпреварување и во Ла Лига веќе не ни оди. Не може да се каже повеќе.

– Ова е вистински срам, не постои друг збор. Ова не е прв, ни втор пат. Клубот мора да претрпи многу промени и тоа од најразличен вид. Прв сум за промена и се нудам да си одам ако е тоа потребно, на прво место е доброто на Барселона, – порача огорчениот Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни