Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ги дочекаа своите минути: „Милионерите“ го „поздравија“ ПСЖ по пласманот во финалето на ЛШ (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Екипата на Борусија Дортмунд го доби двомечот со Пари Сен Жермен и стана првиот финалист во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2023/2024.

Клубот од Бундеслигата иако беше во подредена улога успеа да слави и во реваншот на „Паркот на принцовите“ и со вкупни 2-0 оди на „Вембли“ каде ќе се соочи со подобриот од Реал Мадрид и Баерн Минхен што значи не е исклучено да гледаме повторување на завршниот меч од кампањата 2012/2013 кога на најубавиот англиски стадион силите ги одмерија „милионерите“ и баварците.

Овој успех, резултат веднаш беше искористен од Борусија која ги поздрави „светците“ каде еден вид на одговор за провокациите во 2020 година.

Тогаш ПСЖ беше подобар и се исмеваше со Борусија и тогашниот нивен прв голгетер Ерлинг Халанд, но сега ситуацијата беше поинаква и „жолто-црните“ беа на победничката страна, па пораката беше кратка и јасна.

-Има вкус на добро вино-

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни