Поврзете се со нас

Свет

Ристовска со перфектна партија ја заокружи оваа година во дресот на ЦСКА Москва

Објавено

на

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска веќе договори нов ангажман за натпреварувачката 2024/2025, но во меѓувреме ќе мора максимално да им се посвети на обврските во сегашниот клуб ЦСКА Москва со кого денеска забележа победа во соочувањето со Агу Адиф со 35:21.

Домашниот тим доминираше низ целиот меч, првиот дел го доби со 21:12, вториот со 14:9.

Ристовска имаше перфектна партија и за 33 минути на теренот даде четири гола од четири обиди. Најрасположена беше Кулак со осум погодоци.

Со ова ЦСКА ја заврши оваа календарска година, првиот предизвик во 2024 е на 6 јануари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни