Поврзете се со нас

Свет

Сара си договори трансфер: Ристовска ја напушта Русија и се сели во амбициозен романски клуб (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/whccska

Сара Ристовска веќе четири сезони настапува во Русија за тимот на ЦСКА, но денеска пристигна информација дека ова ќе биде нејзина последна сезона во овој клуб.

Македонската репрезентативка си договорила ангажман за следната сезона и ќе биде дел од амбициозен европски проект, кој ќе и овозможи да настапува и во континенталните натпреварувања.

Поради забраната за руски клубови, Ристовска со ЦСКА не можеше да игра во Европа, но тоа ќе се промени од следната сезона бидејќи Сара ќе настапува за Динамо Букурешт.

Романскиот клуб има амбициозен проект и целта е да состави компетитивен тим за Европа, а Ристовска ќе биде дел од истиот.

– Сара Ристовска од следната сезона ќе биде дел од Рапид! Десното крило на Македонја има 39 официјални натпревари за репрезентацијата и има постигнато 181 гол. Сара од 2019-та година настапува во руска ЦСКА Москва, – гласи објавата на Романците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни