Шпанија
„Марка“ обелодени детали од револуционерната тактика која ја подготвува Анчелоти (Фото)

Карло Анчелоти направи кратка анализа на петте летни засилувања при пристигнувањето во Лос Анџелес на летната турнејата која ја има Реал Мадрид, пришто веднаш им најави на новинарите дека подготвува нешто интересно за новата сезона.
Искусниот Дон Карло смета дека овој тим на Реал е подобар од минатата сезона и покрај тоа што во почетната постава веќе нема да го има Карим Бензема, но за да го надомести отсуството на Французинот, Анчелоти работи на нова тактика, односно нов систем.
– Играчите кои дојдоа го направија тимот уште подобар. Сметам дека имаме подобар тим од минатата сезона и сакам да пробам нешто ново. Ако испадне добро, ќе биде супер, ако не, секогаш можеме да се вратиме на стариот систем кој ни донесе толку многу успеси, – изјави Анчелоти.
Поради ангажманите на играчи како Џуд Белингам и Арда Ѓулер, Анчелоти веќе почнал да го разработува системот 4-4-2 и ова ексклузивно го открива угледната „Марка“, која сподели неколку детали од првите тренинзи на „кралевите“ во САД.
Планот на Карло е првично да го стави системот 4-3-3 во втор план, но потоа за време на сезоната да ги комбинира двата системи и самиот да одреди кој е подобар. Според „Марка“, почетните мисли на Италијанецот водат кон тоа дека новите фудбалери подобри би се вклопиле во комбинација 4-4-2, а доказ за тоа се и двата тима кои ги одредил на последниот тренинг.
Двата тима биле поставени во формацијата 4-4-2, а изгледот бил следен (без голмани):
Карвахал, Ридигер, Начо, Менди, Камвинга, Валверде, Модриќ, Белингам, Родриго и Брахим;
Лукас, Милитао, Алаба, Фран Гарсија, Чуамени, Крос, Нико Паз, Арда Ѓулер, Винисиус и Хоселу;
„Марка“ објаснува дека оваа замисла на Анчелоти се должи на двајцата креативци кои дојдоа да го зацврстат средниот ред, но смета дека со 4-4-2 подобро би се надоместило и отсуството на клучен играч каков што беше Карим Бензема.
🆕 El nuevo sistema de Ancelotti que recupera una posición extinta en el Madrid https://t.co/tdLonhW0YD Lo cuenta @jdelriomuradas, enviado especial de @marca a la gira por EE.UU.
— MARCA (@marca) July 23, 2023
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..