Франција
Луис Енрике за ѕвездата која може да го замени Мбапе во ПСЖ: Нели тој беше пејач?

Луис Енрике не ги остава рамнодушни франуцските новинари на секоја средба која ја има со нив, па така било и на најновата прес-конференија која ја одржал воочи натпреварот со Монако.
Со дербито во кнежевството ќе биде отворено новото коло во Лига 1 и ќе биде интересно да се види каков статус ќе добие Мбапе, особено откако Шпанецот самиот најави дека тимот полека треба да почне да се навикнува да игра без него.
Килијан најави заминување од Париз на крајот од сезоната и медиумите веќе шпекулираат за фудбалските ѕвезди кои можат да го заменат на „Паркот на принцовите“, а една од оние кои посебно отскокнува е Рафаел Леао.
Португалецот добро знае што значи да се игра во Франција бидејќи од Лил премина во Милан, но говорејќи за можната аквизиција која би ја направил клубот следново лето, Лучо уште еднаш издоминирал со својот коментар.
– Леао? Нели тој беше пејач? (Алудирајќи на рап песните кои ги објави) Се шегувам, добро знам кој е Леао, но нема да зборувам за играч кој во моментов не е со нас. Очекувам и убеден сум дека наредната сезона ќе имаме подобар тим од актуелниов. Кога го велам тоа, мислам на одбраната, средниот ред и нападот, – изјави Луис Енрике.
-
НБА23 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 122 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
НБА19 часа
Баркли, О’Нил и Смит ги избраа Ол-стар тимовите: Јокиќ, Јанис и Шеј во ист тим
-
Франција13 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)